Жена пронајдена мртва во Трубарево, велешанец го нашол мртов вујкото
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Жена била пронајдена мртва во скопското село Трубарево, додека четириесет годишен велешанец го нашол мртов својот вујко.
Во четвртокот попладне во 15.30 часот било пријавено дека во 14.40 часот до факултетско стопанство во Трубарево било пронајдено тело на непознато женско лице на возраст од околу 50-55 години.
Смрт е констатирана од доктор од Итна медицинска помош, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатата ќе се врши обдукција.
Истиот ден вечерта околу 20 часот велешанец пријавил дека во куќа сопственост на неговата тетка, го пронашол починат неговиот вујко Џ.И. (62) од Велес. На местото на настанот увид вршеле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.
По барање на Јавниот обвинител увидот во 23.10 часот бил прекинат и продолжил денеска. Телото на починатиот е предадено за обдукција.
Извор: Макфакс