Жена уапсена на аеродром поради убиството на Ким Јонг-нам
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Една жена е уапсена на аеродромот во Куала Лумпур поради убиството на полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, соопшти малезиската полиција.
Осомничената поседувала виетнамски пасош и при апсењето патувала сама, тврди полицијата.
Властите вчера потврдија дека Ким Јонг-Нам починал откако му се слошило на меѓународниот аеродром во Куала Лумпур.
Ким Јонг-нам беше убиен во понеделникот изутрината, додека кинеската кабловска мрежа пренесува дека на аеродромот во Куала Лумпур го отруле две жени, за кои постои сомневање дека се севернокорејски агенти.
Извор: Нова Македонија