Жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата на протестите во Атина | Правдико

Правдико

   

Жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата на протестите во Атина

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Атина повторно преживеа сцени на насилни судири и хаос на вчерашните протести за одбележување на годишнината од убиството на младиот Александрос Григоропулос, кој беше жртва на полициско насилство. Полицијата уапси 25 и приведе 26 лица во немирите кои траеја со часови во центарот на градот и во бунтовната населба Ексархија.

atina

Ексархија наликуваше на бојно поле. Демонстрантите напаѓаа со стотици молотови коктели, камења и со пиротехника, а полицијата одговараше со шок-бомби и со солзавец. Полициските мерки не помогнаа многу за да се смират немирите, па во анархистичкиот кварт до доцна во ноќта одекнуваа експлозии, а граѓаните се задушуваа во солзавец.

Во судирите е повреден еден полицаец, а причинета е голема материјална штета на личен имот и на приватни возила.

Пред судирите во центарот на градот имаше десетици протестни поворки со кои се одбележува сеќавањето на Григоропулос и на бунтот против полициското насилство.

Младиот Григоропулос загина од куршум на грчки полицаец пред осум години, по кавга во наслебата Ексархија. Неговото убиство предизвика интензивни тримесечни протести и демонстрации низ цела Грција и беше една од причините за падот на владата на Костас Караманлис.

Извор: Мета

Партнери на Правдико