Жител на Батинци телефонски им се заканувал на полицајци поради преглед на автомобил
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во вечерните часови на 21 јуни во полициската станица во Штип било пријавено дека полицајци добивале закани по телефон од лице од скопско Батинци.
Како што информираат од МВР, овие закани уследиле откако претходно додека извршувале редовни работни задачи од областа на сообраќајот, службениците сопреле и извршиле преглед врз автомобил „голф 7“ управувано од 28-годишник од Батинци.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Извор: Макфакс