Жител на Шипковица го предизвикал пожарот, запалил отпад до шумата
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полицијата вчера затекнала жител на Шипковица како запалил отпад во дворот на угостителски објект во близина на шумата. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
„ На 10.08.2021 во врска со пожарот кај влезот во тетовското село Шипковица, пријавен во 19.40 часот во Полициското одделение Попова Шапка, полициски службеници го затекнале Н.Б.(58) од Шипковица, кој во дворот на угостителски објект кој граничи со шумата, запалил смет и други отпадни работи“ сооопшти МВР.
Во кооординација со Јавен обвинител со него е извршен службен разговор, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Извор: Макфакс