Правдико

   

Жител на Слатино изнудувал пари од Охриѓанец

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 19-годишниот В.Ш. од село Слатино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело изнуда.

Осомничениот му пришол на 45-годишниот К.Б. од Охрид на улица и го нападнал со боксови. К.Б. паднал и ја скршил левата рака, а пријавениот му побарал 2.000 денари, кои овој му ги дал. По четири дена В.Ш. телефонски повторно му побарал 4.000 денари, а потоа со уште едно непознато лице отишле во неговиот дом и на неговиот татко му кажале дека К.Б. треба да му врати 4.000 денари, заканувајќи се по неговиот живот.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико