Жител на тетовско Сараќино од возило во движење пукал кон свој соселанец | Правдико

Правдико

   

Жител на тетовско Сараќино од возило во движење пукал кон свој соселанец

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во тетовската полиција вчера (16 октомври) било пријавено дека 33-годишник од тетовското село Сараќино од автомобил „голф“ со тетовски регистарски ознаки, со кој се движел низ селото, од пиштол испукал два куршума кон 56-годишен соселанец, кој одел пеш во близина на неговиот дом. Притоа, еден од испуканите куршуми го погодил во десната натколеница.

По нападот, пукачот со автомобилот го напуштил местото.

Погодениот 56-годишник со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во тетовската клиничка болница и бил задржан на понатамошно лекување.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила полициска екипа од Тетово. На местото била пронајдена една чаура калибар 7,65 милиметри, која била подигната за вештачење.

Секторот за внатрешни работи Тетово презема мерки за пронаоѓање на 33-годишникот и за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико