Жител на Желино осомничен за оштетувањето на цевките за кислород во Тетовската болница | Правдико

Правдико

   

Жител на Желино осомничен за оштетувањето на цевките за кислород во Тетовската болница

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Маж на возраст од 42 години од селото Желино се сомничи дека е вмешан во оштетување на цевки кои носат кислород до тетовската болница. Вчера полицијата го привела човекот.

Вработени во болницата на 23 август забележале дека се оштетени цевки кои носат кислород до тетовската болница. Со употреба на физичка сила биле оштетени две бакарни цевки, од кои едната за компримиран воздух била скината, а втората за азотен оксидол била свиткана.

Од СВР Тетово велат дека по барање на болницата по инцидентот е зголемено присуство на полицајци околу објектите.

Оштетени биле две споредни цевки кои носат кислород од централниот систем до првиот објект ургентно-дијагностичкиот центар во Тетовската болница, но таму немало пациенти. Оштетените цевки не се одразиле на снабдувањето до ковид одделенијата, оти тие се снабдувале од главната цевка, велат од болницата во Тетово.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико