Жител од Свети Николе обвинет за тешка кражба | Правдико

Правдико

   

Жител од Свети Николе обвинет за тешка кражба

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Скопското Јавно обвинителство поднесе обвинение против едно лице за продолжено кривично дело тешка кражба.

На 11 февруари обвинетиот 24-годишен жител на Свети Николе извршил две временски поврзани кражби.

На улицата Трифун Хаџи Јанев во населбата Автокоманда тој на дрзок начин одзел туѓи подвижни предмети. Најпрвин ја забележал сега веќе оштетената жена, ѝ пристапил зад грб, ја исплашил и ја вознемирил, па ја повлекол и ѝ ја одзел чантата што ја носела. Во чантата имало паричник и други предмети со вкупна вредност од 4.500 денари, објаснуваат надлежните.

Подоцна лицето се упатило кон Факултетот за земјоделски науки и храна, лоциран на улицата 16. Македонска бригада, ја разбило двојната надворешна врата на амфитеатарот и почнало да пребарува со цел да пронајде предмети што би можело противправно да ги присвои.
Пребарувајќи, скршил уште четири врати од други простории и претурал, но чуварот го затекнал и го спречил во намерата.
По приведувањето, полициски службеници кај него ја пронашле претходно украдената чанта.

„Ценејќи дека сè уште постојат законските основи за кои на обвинетиот во текот на претходна постапка му беше определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител до судот достави предлог за продолжување на мерката притвор“, велат од Обвинителството.​

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико