Правдико

   

Живко Митревски не го признава новиот претседтаел на ССМ, поднесе кривична пријава против министерката за труд

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Живко Митревски не го признава новиот претседааел на ССМ Дарко Димовски. Тој обвинува дека министерката за труд и социјала Мила Царовска, направила упад во ССМ и најави дека ќе поднесе кривична пријава против неа.

– Бевте сведоци на еден историски скандал каде министерката Мила Царовска направи упад на насилен начин да го промени претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, легитимно избран на 19-тиот конгрес и донесе решение со кое го поништува легитимитетот на над 100.000 луѓе кои гласаа за претседателот, истакна на денешната прес-конференција Живко Митревски.

Кривична пријава, Митревски рече дека ќе поднесе и против директорката ан Централен регистар.

-Денес сме сведоци на еден друг историски скандал. Денес правниот систем во Република Македонија е поништен со донесувањето на решение на Централен регистер со кое се брише од регистерот легитимно избраниот претседател Живко Митревски на ССМ, а се внесува Дарко Димовски кој не е ни член во ССМ. Денес не се почитува ниту наредбата на Основното јавно обвинителство кое заради фалсификувани исправи кои беа доставени беше забранет уписот на Дарко Димовски и оваа наредба денес не е почитувана, истакна Митровски.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико