Правдико

   

Златен накит, девизи и денари украдени од куќа во струмичко Дедели

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Златен накит, 8.000 евра и 38.000 денари биле украдени од куќа во струмичкото село Дедели.

Кражбата ја пријавил сопственикот на куќата, А.Е.(47), кој пред полицијата рекол дека непознат сторител со помош на клуч кој му припаѓал на пријавителот влегол во куќата и ги украл парите и накитот.

Увид бил извршен од страна на увидна екипа од СВР Струмица. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико