Значајни пресуди на Европскиот суд за човекови права со коментар : Говор на омраза и кривични дела од омраза | Правдико

Правдико

   

Значајни пресуди на Европскиот суд за човекови права со коментар : Говор на омраза и кривични дела од омраза

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пристапот на Судот во однос на концептот на говорот на омраза се темели на определбата на Судот да не се врзува со класификациите кои ги утврдиле националните судови туку да поаѓа од конкретните околности на случајот, контекстот на конкретната изјава и, секако, од последиците. Во пресудата по предметот на Sürek против Турција, Судот нагласи дека ако контекстот на изјавата е во врска со конфликт, ако е од тензична природа или, пак, се однесува на особено ранлива група на лица, медиумите би требало да бидат особено чувствителни и претпазливи.

Во такви ситуации, новинарите понесуваат посебни одговорности и должности, бидејќи тие може да станат „средство за ширење на говор на омраза и насилство“.

Кога се соочува со прашање поврзано со ограничување на правото на слобода на изразување, генерално, но и во врска со говорот на омраза и кривичните дела сторени од омраза, Судот го анализира случајот во неговата целина, односно во контекст со околностите поврзани со тој случај. Главно прашање за Судот е дали жалителот имал намера да шири идеи и мислења преку користење на говорот на омраза или, пак, се обидувал да пренесе информација од јавен интерес.

Целото издание можете да го превземете ТУКА

Партнери на Правдико