ЗНМ бара ниски казни за медиумите | Правдико

Правдико

   

ЗНМ бара ниски казни за медиумите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Здружението на новинарите на Македонија е сериозно загрижено поради високите драконски казни изречени против неколку национални телевизии од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за непочитување на обврската за емитување на македонска музика.

znm1

ЗНМ оценува дека казните се превисоки и можат финансиски да ги исцрпуваат медиумите и да го доведе во прашање нивниот опстанок. Со тоа сериозно се загрозува слободата на медиумите, на што предупредува и Европскиот суд за човековите права, кој смета дека непропорционални казни претставуваат тешко прекршување на слободата на изразувањето и слободата на медиумите.

Казните против Сител и Телма се најдобар доказ дека ЗНМ беше во право кога за време на донесување на медиумските закони предупредувавме дека високите казни ќе можат да се злоупотребат за правење притисок врз медиумите.

Исти забелешки за висината на казните имаше и ОБСЕ и Советот на Европа, кои бараа казните да бидат реални, не превисоки и флексибилни, почитувајќи го локалниот контекст. Според нив, казните мора да бидат пропорционални и нивното изрекување не смее да го загрози постоењето на медиумите.

Инсистираме идната влада на Република Македонија да предложи итни измени и дополнувања на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во делот на казнените одредби за медиумите. Бараме казните да се намалат и да бидат пропорционални на финансиската состојба на медиумите.

Извор: ЗНМ

Препорачуваме

Партнери на Правдико