ЗНМ бара од новата влада да казнува за нападите врз новинарите | Правдико

Правдико

   

ЗНМ бара од новата влада да казнува за нападите врз новинарите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Здружението на новинарите на Македонија ги осуди најновите напади и закани против новинарите минатата недела, порачувајќи ѝ на новата влада дека вистинските реформи во медиумите ќе почнат тогаш кога ќе престане насилството врз новинарите, а тоа ќе се постигне само ако остро се казнуваат насилниците.

„Физичкиот напад врз екипата на Телевизијата 24 Вести од страна на обезбедувањето на трговскиот центар во Штип и заканите на поранешниот министер за правда, Блерим Беџети, врз новинарката на Портал, Елида Зилбехари, претставуваат директен напад врз слободата на медиумите.

Попречувањето на снимателот на 24 Вести Иван Камчев да го сними Трговскиот центар и упатувањето закани преку посредници на новинарката Зилбехари од страна на Беџети имаат јасна цел да ги замолчуваат новинарите и да не ги критикуваат негативните појави во општеството.

Ваквите дрски напади и закани покажуваат дека насилниците што досега напаѓаа новинари не се обесхрабрени од промената на власта во Македонија. Го повикуваме новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, веднаш да ги идентификува и да покрене соодветни пријави против насилниците“, стои во соопштението на ЗНМ.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико