ЗНМ и ОБСЕ обезбедија заштитни средства за новинарите и медиумските работници | Правдико

Правдико

   

ЗНМ и ОБСЕ обезбедија заштитни средства за новинарите и медиумските работници

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Почна дистрибуцијата на пакетите со заштитни средства за медиумите од земјава, кои ги обезбеди Здружението на новинарите (ЗНМ) во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Станува збор за 150 пакети, кои содржат заштитни маски, ракавици, очила и средства за дезинфекција, кои во пикот на пандемијата ќе им бидат дистрибуирани на 100-ина медиуми (радија, телевизии, весници, портали) од Скопје, но и од другите градови од државата.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, вели дека информирањето денес е важно и мора да се направи сè за да се заштититат новинарите со цел вистинската вест да стаса до граѓаните.

„Медиумските работници се на првите борбени линии, изложени на секакви опасности, а како што можеме да видиме, и на опасноста да бидат заразени. Заштитени истражуваме, објавуваме и информираме. Коронавирусот е опасен, но исто толку опасна е и заразата да останеме неинформирани за тоа што се случува околу нас во оваа вонредна состојба што ја живееме“, истакна тој.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која, се надоврзува на Чадиковски истакнувајќи дека новинарите играат клучна улога во информирање на јавноста за пандемијата.

„Новинарите и медиумските работници може да бидат изложени на вирусот при нивните патувања и средби со граѓаните. Ни претставува задоволство што во соработка со Здружението на новинарите успеавме да обезбедиме заштитна опрема за новинарите додека тие трагаат по клучни информации за јавноста“, рече тој.​

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико