ЗНМ обезбеди етички кодекс за медиумите во Македонија | Правдико

Правдико

   

ЗНМ обезбеди етички кодекс за медиумите во Македонија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Здружението на новинарите на Македонија испрати примероци од Кодексот на новинарите на Македонија до сите медиуми регистрирани во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Етичкиот кодекс на ЗНМ беше усвоен во 2001 година и за првпат беше дистрибуиран до сите медиуми во земјата. Поради неодамнешните случувања и претстојните локални избори, се појави потребата од негово повторно претставување.

Како и во другите професии, така и во новинарството, етичките принципи се базираат на основните вредности на професијата и стандардите на кои се придржува секој професионалец. Со почитување на овие 17  принципи и етички вредности, новинарите преземаат одговорност за информациите што ги пренесуваат, независно за кој медиум работат.

ЗНМ смета дека на овој начин може да придонесе во борбата со лажните вести и медиумската пропаганда со промовирање на етичките стандарди при известувањето.

Кодексот на новинарите на Македонија беше изработен на шест јазици (македонски, албански, турски, влашки, ромски и англиски), а ќе биде доставен до сите медиуми соодветно на јазикот на кој работат.

Оваа активност е во рамките на проектот „Мрежа на новинари за медиумските слободи“, кој е финансиран од страна на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на ЗНМ и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на ЕУ.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико