ЗНМ правдата за 24 декември ќе ја бара во Стразбур | Правдико

Правдико

   

ЗНМ правдата за 24 декември ќе ја бара во Стразбур

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ЗНМ ќе поведе постапка пред Судот за човекови права во Стразбур на одлуката на Уставниот суд која ги одби двете барања за заштита на слободите и правата поради насилното отстранување на новинарите од собраниската сала на 24 декември 2012.

Во својата одлука судот оцени дека отстранувањето на новинарите од галеријата за време на инцидентите на 24 декември 2012 година било во функција на нивна заштита.

24-септември-тепачка-собрание

Одлуката на Уставниот суд  да ги одбие барањата на новинарите за случувањата од 24 декември 2012 година ќе се најде пред Судот за човекови права во Стразбур, најави претседателот на Здружението на новинарите на Македонија Насер Селмани.

„За сега не би сакал да давам никакви оценки се додека не ја добиеме одлуката на Уставниот суд, но нема дилеми дека за ваквата одлука ќе поведеме постапка пред Судот за човекови права во Стразбур. Она што изненадува е што не бевме повикани на седницата кога се расправало за ова барање, бидејќи во дописот до Уставниот суд изричито напоменавме дека сакаме да присуствуваме и да ја следиме расправата“, изјави за 24 Вести Насер Селмани.

Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет вели дека за неа е фрапантно да се донесе таква  одлука и потенцира дека за неа се проблематични неколку моменти од ваквото решение.

Пировска вели дека и самата била присутна во Собранието кога новинарите беа насилно избркани од собраниската галерија и за неа е несфатливо образложението на судот.

На 24 декември 2012 година собраниското обезбедување ги отстрани новинарите од собраниската галерија а некои од нив и буквално насилно ги исфрли, со што беа оневозможени да следат што потоа се случување во собраниската сала кога беа исфрлени пратениците од опозицијата.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико