ЗНМ: Судот да го ослободи новинарот Зоран Божиновски од притвор | Правдико

Правдико

   

ЗНМ: Судот да го ослободи новинарот Зоран Божиновски од притвор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) бара новинарот Зоран Божиновски да се пушти од притвор и да му се овозможи да се брани од слобода.

„Го повикуваме обвинителот Златко Биковски да го повлече барањето за притвор, а судијата Ленка Давиткова веднаш да го укине притворот. Долгиот притвор против Божиновски повеќе не служи за ефикасно одвивање на судскиот процес туку прераснува во казна“, велат од ЗНМ.

Од таму велат дека држење во притвор на новинар речиси три години, во екстрадициски притвор во Србија и притвор во Македонија е апсолутно незабележана практика во слободни и демократски земји.

Од Здружението на новинари велат дека „ослободувањето на Божиновски ќе ја одвои Македонија од групата на авторитарните земји во Европа, како што е Турција, Русија и Азербејџан, каде постојано се прогонуваат новинари“.

ЗНМ смета дека новата влада во Македонија треба јавно во рамките на своите надлежности да се заложи за ослободување на Божиновски.

„На сите им е јасно дека мерката притвор во случајот на Божиновски е злоупотребена од претходната влада со единствена цел да се замолчи еден критичен новинар“, се вели во соопштението на ЗНМ.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико