Зоран Милески – Кичеец осуден на три години затвор | Правдико

Правдико

   

Зоран Милески – Кичеец осуден на три години затвор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Tретообвинетиот за случајот „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец е осуден на 3 години затвор откако тој вчера призна вина за случајот и предметот за него беше одвоен од оној против Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева. Милески е осуден за кривично дело примање награда за противзаконско влијание за која е предвидена казна затвор од 1 до 10 години. Тој има право на жалба до Апелациониот суд само во делот на висината на казната.

Судот информираше дека во издржувањето на казната ќе му биде пресметано и времето поминато во притвор и куќен притвор започнувајќи од 15.07.2019 година.

Милески останува во куќен притвор до правосилноста на пресудата и покрај тоа што неговите адвокати бараа куќниот притвор да биде укинат за да може да се грижи за неговиот болен родител.

Неговиот адвокат Александар Новаковски предложи куќниот притвор да биде укинат, бидејќи татко му е во тешка здравствена состојба и нема кој друг да се грижи за него.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико