Правдико

   

Зоран Милески – Кичеец побарал одложување на затворската казна

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Зоран Милески – Кичеец до Основниот кривичен суд во Скопје побарал одложување на издржувањето на затворската казна.

Од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари потврдија дека тој сè уште не се пријавил иако тоа требаше да го направи до вчера, 12 октомври.

Во изјава за „Макфакс“, Милески вчера рече дека не поднел барање за одлагање на казната и ќе постапи како што налага судот.

Тој на почетокот на процесот „Рекет“ призна вина по што веднаш ја доби и пресудата, тригодишна затворска казна.

Освен Кичеец, во истиот процес на седумгодишна затворска казна е осудена и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и на деветгодишна затворска казна неформалниот сопственик на поранешната „1ТВ“, Бојан Јовановски, попознат како Боки 13.

Тој, како што беше наведено во пресудата, бил посредник и договарал средби помеѓу Бојан Јовановски – Боки 13 и сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана. Средби имале потоа и со Камчев кога тој излегол од притвор. На средбите тие барале и зеле пари за Камчев да добие поблаг третман во случајот на СЈО, „Империја“, каде што тој е осомничен. Според пресудата, двајцата од Камчеви зеле околу 1,5 милион евра.

Кичеец првично беше во куќен притвор, а по поднесувањето на гаранцијата во недвижности од 13 милиони денари, куќниот притвор му беше укинат.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико