Зврлевски ќе постапи по барањето на Јанева | Правдико

Правдико

   

Зврлевски ќе постапи по барањето на Јанева

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Бараните податоци ќе бидат доставени во најкраток рок, потврдија од Обвинителството

339E8693369DF2409902805B108ED039

Јавното обвинителство ќе постапи по барањето на специјалната обвинителка Катица Јанева и ќе ги достави податоците што ги бара таа. Обвинителството преку соопштение потврди дека до нив стасало барањето од специјалното обвинителството за гонење кривични дела, кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Барањето се однесува на податоци за бројот на предмети, за назначување на јавните обвинителства пред кои се оформени предметите, како и за броевите под кои се заведени предметите.

Обвинителката Катица Јанева деновиве ја информираше јавноста дека по добивањето на тие податоци, ќе достави барање до секое обвинителство за доставување на предметите.

Како што дознаваме, избраните обвинители веќе се раздолжиле од предметите што ги работеле досега и ги предале во работа на други колеги. Еден од најжешките костени – „Маѓар телеком“ што досега го работеше обвинителката Лиле Стефанова од Обвинителството за гонење организиран криминал, веќе го добил нејзиниот колега, кој работи на кумановскиот случај со „Дива населба“.

Во Обвинителството забрзано се комплетираат предметите за да и’ ги предадат на Јанева. Станува збор за 28 предмети, од кои речиси сите се во скопското обвинителство, освен два, кои ги работат Обвинителството за организиран криминал и битолското јавно обвинителство.

Како што е познато, одговарајќи на критиките за селективно постапување по предметите поврзани со прислушуваните материјали, Обвинителството на 22 јули оваа година излезе со обемно соопштение во јавноста, во кое детално извести што е преземено во изминатиот период.

Обвинителството тврдеше дека „за сите настани е поведена постапка“ и оти за сите започнати случаи ги преземаат сите потребни дејства. Беше кажано дека во врска со прислушувањето на неколку политичари од опозицијата тие биле поканети да дадат исказ, и дека биле испрашани и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и началникот од истата управа, Горан Груевски. На распит биле повикани и уште неколку претставници на МВР, како и лица од УБК – Одделението за оперативно техничка поддршка на операции. Било прибавено и мислење од страна на технички советници, и тоа тројца професори од Факултетот за електротехника и информатички технологии.

По преземањето на предметите, во рок од 8 дена специјалниот јавен обвинител треба да одлучи дали случајот е во нивна надлежност или на другите обвинителства.

Гордана Дувњак

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико